Објавено на:

Украина го пополни прашалникот за членство во ЕУ – се чека позитивна препорака

t

Украина го пополни прашалникот кој ќе биде појдовна точна на процесот на присоединување кон ЕУ, изјави Игор Жовква, заменик-шефот на кабинетот на претседателот Владимир Зеленски.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му го предаде прашалникот на Зеленски за време на посетата на Киев на 8 април, ветувајќи напори за забрзување на членството на Украина во ЕУ по руската инвазија.

Денеска можам да кажам дека украинската страна го комплетираше документот, изјави Жовква синоќа за украинскиот јавен сервис.

Тој додаде дека Европската комисија ќе мора да издаде препорака за почитување на Украина со неопходните критериуми за членство.

Очекуваме препораката да биде позитивна, а потоа топката ќе биде на страната на земјите-членки на ЕУ, истакна тој.

Според него, очекувањата на Киев се дека Украина би можела во јуни да добие статус на земја-кандидат за пристап во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…