Објавено на:

Украина е подготвена да преговара: Зеленски одговори на понудата на Путин!

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски со реакција на повикот на рускиот претседател Владимир Путин за директни преговори за постојан мир, нагласувајќи дека тоа е позитивен сигнал и дека целиот свет долго време чека на таков чекор.

Тој, преку платформата Х, рече дека првиот и неопходен чекор кон завршување на војната е прекин на огнот.

„Тоа е позитивен знак дека Русите конечно почнаа да ја разгледуваат можноста за ставање крај на војната. Целиот свет го чекаше тоа многу долго. Првиот чекор кон вистински крај на секоја војна е прекин на огнот“, напиша Зеленски.

Зеленски додаде дека нема смисла конфликтот да се продолжи „уште еден ден“ и дека очекува Русија да го потврди прекинот на огнот веќе на 12 мај.

„Нема смисла да се продолжи со убиството уште еден ден. Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот – целосен, постојан и сигурен – почнувајќи од утре, 12 мај, а Украина е подготвена да се сретне“.

Да потсетиме, Путин претходно предложи директни преговори да се одржат на 15 мај во Истанбул, со поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Од Киев до сега официјално не се изјасниле за местото и датумот на средбата, но Зеленски јасно укажал на подготвеноста за почеток на мировните преговори, со услов прекинот на огнот веднаш да дојде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…