Објавено на:

Украина: Засега сме воздржани – ако еден белоруски војник ја премине границата ќе возвратиме!

t

Украина покажува воздржаност кон Белорусија, но ќе возврати ако белоруските војници ја преминат границата и се придружат на руската инвазија, изјави највисокиот украински безбедносен функционер Алексиј Данилов.

Данилов кажа дека Украина е внимателна во односите со Белорусија и покрај тоа што земјата се користи како лансирна платформа за напади на руските авиони на Украина.

Ако еден белоруски војник ја премине нашата граница, ние ќе возвратиме, кажа Данилов, а пренесува Ројтерс.

Претходно Украинскиот државен информациски центар соопшти дека „не може да се исклучи“ белоруска инвазија на Украина денес.

Според прелиминарните податоци, белоруските трупи би можеле да бидат вовлечени во инвазијата на 11 март во 21:00 (19:00 часот по средноевропско време)“, се наведува во соопштението на центарот, кој е формиран во рамки на министерството за култура и информациска политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…