Украина изврши напади врз објект на Роскосмос!
Украина изврши ракетни напади врз објект на руската вселенска агенција Роскосмос, воздухопловната база Саваслејка во регионот Нижни Новгород и рафинеријата за нафта во Уст-Луга во регионот Ленинград, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од Укринформ.
„Денес имаме нови значајни резултати од нашите прецизни напади. Во регионот Самара во Русија беше погодено едно од клучните претпријатија на Роскосмос – центарот Прогрес, кој се занимаваше со производство на електроника. Користени се ракети Фламинго. Растојанието од нашата граница е околу 900 километри“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм.
Зеленски додаде дека „санкциите со долг дострел“ на Украина стигнале до рускиот воен аеродром Саваслејка, каде што се наоѓаат ракетни лансери што се користат за напад врз градови и села во Украина.
„Ова е на околу 700 километри од Украина. Исто така, потврдивме дека предизвикавме неопходна штета на рафинеријата за нафта во градот Уст-Луга. Растојанието е над 800 километри од нашата граница“, истакна Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…
Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…
Украина ќе добие нов пакет воена помош…
Зеленски предложи зимско примирје со Русија за…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека растечкото…