Украина и Норвешка потпишаа договор за заедничко производство на дронови
Украинскиот министер за одбрана Денис Шмигал и норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик потпишаа договор за заедничко производство на украински дронови, објави украинската новинска агенција Укринформ.
„Украина и Норвешка заеднички ќе произведуваат украински дронови. Го потпишав соодветниот документ со норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик. Ова е важен чекор што ќе ни овозможи да ги прошириме нашите капацитети и да ја зајакнеме одбраната на Украина“, објави Шмигал на својот Фејсбук профил.
Според украинскиот министер, следниот чекор ќе биде брзото лансирање на пилот-производствена линија идната година, додека се работи на понатамошно проширување на капацитетот.
„Украина ќе го сподели своето искуство и иновации со Норвешка. За возврат, ќе добиеме силна производствена линија што ќе ги снабдува нашите војници со модерни дронови, како и соработка во истражувањето и дизајнот со водечките норвешки институции“, напиша Шмигал и ѝ се заблагодари на Норвешка за поддршката на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…
Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…
Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…