Објавено на:

Украина и Полска: Руската закана веќе е „внатре“ во ЕУ и НАТО

t

Украина и Полска предупредија на зголемена руска закана за европската безбедност, откако руски напад бил извршен во близина на украинско-полската граница.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха оцени дека руските напади буквално „тропкаат на вратите“ на Европската унија и НАТО.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски отиде чекор подалеку, велејќи дека заканата веќе е „внатре во куќата“.

Тој ја обвини Москва за водење хибридна војна против европските држави, која, според него, вклучува саботажи, шпионажа, дезинформации и други напади.

Сибиха повика на посилни санкции против Русија, продолжување на воената поддршка за Украина и максимален притисок врз Москва.

Киев и Варшава сметаат дека најновите случувања покажуваат оти руските активности претставуваат директен безбедносен предизвик за Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Се подготвувал да убие повеќе лица –…

Полската полиција приведе 16-годишник осомничен дека планирал…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…