Украина лансираше моќно оружје кон срцето на Русија, затворени аеродроми поради масовен напад

t

Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала во Москва, што е најголемиот напад со украински беспилотни летала досега. Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во главниот град на Русија.

Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека 12 беспилотни летала се уништени во областите Раменское и Коломенски во Московската област, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва.

– Во тек е масовен напад – рече тој и додаде дека досега се уништени 22 беспилотни летала кои се движеле кон Москва.

Собјанин на каналот Телеграм напиша дека, според прелиминарните податоци, нема жртви или уништување на местата каде што паднале остатоците од беспилотните летала.

Суспендирани летови на два аеродроми во Москва

На аеродромите Домодедово и Жуковски во Москва летовите беа привремено прекинати поради напади со украински беспилотни летала, додека аеродромот Внуково работеше нормално.

Руските системи за противвоздушна одбрана претходно соборија 23 украински беспилотни летала над четири региони на Русија во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесе РИА Новости.

Системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 23 украински беспилотни летала: 17 над територијата на регионот Брјанск, три над територијата на Ростовската област, два над регионот Белгород и еден над регионот Курск – се вели во соопштението.

Во Брјанск нестанбени згради се запалија поради напад со дрон, изјави шефот на регионот Александар Богомаз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: Околу 4.000 првачиња сè уште не…

Околу 4.000 деца кои годинава треба да…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…

И утре нè очекува голема жештина со…

Високи температури низ цела Македонија најавува Управата…

САД: Во Масачусетс ќе се дозволува абортус…

Гувернерката од Демократската партија, Маура Хили, денеска…

ВО НАЈТЕШКИОТ МОМЕНТ ИЗБРАЛЕ ДА ПОМОГНАТ: Два…

Постојат одлуки што ја менуваат смислата на…