Украина може да заборави на НАТО, вели Трамп

t

Украина може да заборави на изгледите за членство во НАТО како дел од идниот договор за решавање на украинскиот конфликт, изјави американскиот лидер Доналд Трамп.
„Можам да кажам дека Украина може да заборави на НАТО. Мислам дека тоа е веројатно причината зошто сето тоа започна“, рече Трамп во обраќањето пред новинарите во Белата куќа на прашањето за идните отстапки што треба да ги направи Киев.

Според него, рускиот лидер Владимир Путин ќе мора да се согласи на отстапки како дел од потенцијалниот договор за решавање на украинскиот конфликт.
„Тој ќе мора да го направи тоа. Верувам дека благодарение на тоа што победивме (изборите), овој конфликт ќе биде ставен крај“, рече Трамп во присуство на новинари на неговата прва средба со Владата.
Тој додаде дека САД ќе направат се што е можно за да се постигне договор кој ќе биде добар за двете страни.
Зборувајќи за рускиот лидер Владимир Путин, тој изјави дека е паметен, итар човек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц откри кој би можеч да ја…

Пет земји би можеле да ја претставуваат…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…

Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…