Објавено на:

Украина: Можно е Русите да ја гранатираат нуклеарната централа “Запорожје”

t

Украинското воено разузнавање тврди дека Русите повторно планираат да ја гранатираат нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, која е под окупација на руските сили.

Како што пренесува Киев Индипендент, претставници на разузнавањето тврдат дека руските сили планираат нов напад врз нуклеарната централа Запорожје и блискиот град Енерходар.

Работата на нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола, во текот на ноќта е целосно прекината како мерка за безбедност на централата, соопшти денеска украинската енергетска компанија Енергоатом.

Компанијата прецизираше дека го исклучила шестиот реактор на нуклеарната централа од електричната мрежа во 03:41 часот по локално време.

– Во тек се подготовки за да се излади и да се доведе во студена состојба, соопшти Енергоатом.

Компанијата додаде дека вчера успеала да ја обнови инфраструктурната врска на централата со електричниот систем, кој, според „Енергоатом”, бил оштетен од руско гранатирање. На овој начин повторно стана возможно централата да се напојува од украинскиот енергетски систем.

– Донесена е одлука да се исклучи блокот број 6 и да се доведе во најбезбедна состојба – студена, се вели во соопштението на енергетската компанија.

Енергоатом во исто време нагласи дека „останува висок ризикот од предизвикување дополнителни штети на инфраструктурата”, што би создало потреба од „напојување на централата со дизел генератори, а ова решение би било краткорочно, земајќи ги предвид технолошкиот ресурс и количината на достапно дизел гориво”.

Киев во средата ги повика сите жители на областите окупирани од Русија околу нуклеарната централа Запорожје, која е најголемата нуклеарна централа во Европа, да се евакуираат заради нивна безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…