Украина набрзо ќе остане без воена опрема и оружје, вели Путин
Претседателот на Русија, Владимир Путин во обраќањето пред учесниците на Економскиот форум во Санкт Петербург изјави дека Украина набрзо ќе остане без воена опрема и оружје.
Додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски набрзо ќе биде целосно зависен од опремата што ја доставуваат западните земји.
– Украина не напредуваше во својата контраофанзива … Нејзината армија нема шанси против руската војска, посочи Путин.
Тој во својот говор истакна и дека „непријателските држави не им дозволуваат пристап на руските бизнисмени до нивните пазари“. Путин се осврна и на заминувањето на странските компании од Русија по инвазијата врз Украина, потенцирајќи дека Москва не ни сака тие да се вратат.
Путин најави и раст на руската економија до два отсто, по закрепнувањето од минатогодишните западни санкции.
Призна дека Русија ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана.
– Нашите јавни финансии денес се генерално избалансирани, има мал тековен дефицит во федералниот буџет. Се разбира, потребни беа дополнителни средства за зајакнување на одбраната и безбедноста, за набавка на оружје, ние сме должни да го направиме ова за да го заштитиме суверенитетот на нашата земја, истакна Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…