Украина нападна руски објект откако Трамп изјави дека нападите врз енергетиката ќе престанат
Украина во текот на ноќта со дронови нападна индустриски објект во Русија, оштетувајќи го објектот и неколку станбени згради во југоисточниот регион Самара, соопштија руските власти.
Околу 40 дронови беа соборени, соопшти денеска руската државна новинска агенција Тас, повикувајќи се на регионалниот гувернер Вјачеслав Федоришчев. Не се пријавени смртни случаи.
Украинските медиуми јавија дека цел на индустрискиот објект била рафинерија за нафта.
Нападот следува откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Русија и Украина се согласиле да се воздржат од напади врз енергетската инфраструктура на другата страна, пренесе ДПА.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х напиша дека прекинот на нападите врз критичната инфраструктура може да биде „првиот деескалирачки чекор“ кон мирот.
Украина во текот на ноќта со ракети нападна и магацини на онлајн трговецот „Озон“ во рускиот град Таганрог. Гувернерот на Ростовскиот Регион, Јуриј Сљусар, изјави дека нема пријавено жртви. Оштетени се и магацини на земјоделски претпријатија, станбени згради и образовна институција, рече тој.
Украина изврши жестоки напади врз руската нафтена индустрија во последните месеци, што повремено предизвика недостиг на гориво во земјата.
Москва одговори со целни напади врз енергетските објекти во Украина и погоди бензински пумпи.
Во меѓувреме, руски дронови во текот на ноќта го погодија Киев, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм. Погодена е бензинска пумпа, додека едно лице е повредено во друг регион.
Украина се брани од руска инвазија повеќе од четири и пол години и редовно напаѓа цели длабоко во руската територија како дел од своите воени напори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја убил 17 годишната девојка во Богданци,…
Изгореното безживотно тело кое вчера било пронајдено…
До недела стабилно време, за викендот утринската…
До недела времето ќе биде стабилно, со…
„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски…
Македонскиот режисер Милчо Манчевски освои една од…
Уапсена мајка осомничена за убиство на едногодишната…
Полицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната…
Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…
Унгарија објави дел од достапните податоци од…