Објавено на:

Украина планира напад на Белорусија? Се огласи украинското Министерството

t

Украинското Министерство за надворешни работи објави соопштение како одговор на тврдењата дека планираат напад врз Белорусија.

Белорускиот лидер Александар Лукашенко ја изрази својата поддршка за руската воена операција во Украина во последните месеци.

Пред Русија да започне воена операција во Украина во февруари, таа распореди илјадници војници во Белорусија под изговор за воени вежби, пред да ги испрати преку граница.

Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека нивниот амбасадор во белорускиот главен град Минск бил поканет во Министерството за надворешни работи на Белорусија и дека му била врачена дипломатска нота.

„Оваа информација не одговара на реалноста“

Во него се наведува дека белоруската страна тврди дека Украина наводно планира напад на територијата на Белорусија.

„Оваа информација не соодветствува со реалноста. Категорично отфрламе уште една инсинуација на белорускиот режим. Не исклучуваме дека доставувањето на дипломатската нота би можело да биде дел од планот на Руската Федерација да изврши провокација со цел дополнително обвини Украина“, соопшти Министерството.

Тие го повикуваат белорускиот народ „да не подлегнува на провокации“.

„Украина никогаш не посегнала на странски територии. Ние строго се придржуваме до основните норми и принципи на меѓународното право и Повелбата на ОН“, заклучуваат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Западнонилската треска дојде во Бугарија: Маж од…

Прв случај на западнонилска треска оваа година…

ДИК: За изборот на градоначалник во општина…

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14.…

Иранската армија тврди дека ги обновила сите…

Сите вооружени системи што беа оштетени за…

Работник загина откако го удрил авион на…

Работник на аеродромот „Монтреал Трудо“ во Канада…

Инвеститорите губат интерес за грчките „златни визи“…

Речиси половина од важечките дозволи за престој…