Украина поставува услови: Целосно повлекување на руската војска пред почеток на било какви преговори
Русија мора да ги повлече сите свои војници од територијата на Украина пред да има какви било преговори, соопшти Министерството за надворешни работи во Киев како одговор на повторените понуди на Москва за преговори во последно време, соопшти ДПА.
„Единствениот реален предлог би бил итен прекин на војната на Русија против Украина и повлекување на руските вооружени сили од украинските територии“, изјави портпаролот.
„Ако Русија навистина сака да преговара, мора да престане да ја уништува енергетската инфраструктура на Украина“, изјави портпаролот на Министерството за надворешна политика на Украина.
„Не можете да сакате да преговарате и истовремено да бомбардирате украински станбени области, да мобилизирате 300.000 резервисти и да го блокирате извозот на жито“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…