УКРАИНА ПОЧНА ДА ГИ КОРИСТИ ЗАБРАНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ БОМБИ: Извршен удар на руската пешадија
Американскиот весник „Вашингтон пост“ пишува дека Украина почнала да користи касетни бомби кои неодамна ги добила од САД. Касетните бомби се забранети во повеќе од 100 земји, но Русија ги користи во Украина од почетокот на инвазијата на крајот на минатиот февруари.
Руските сили на линијата на фронтот во југоисточна Украина сега се удар од ова неселективно оружје што може да остане неексплодирано откако ќе биде истрелано.
ОН објавија дека Русија користела такви бомби во населените области на Украина најмалку 24 пати од почетокот на непријателствата.
Украинскиот полковник Олександр Бакулин претходно оваа недела изјави дека оружјето е потребно за „да се нанесе максимална штета на непријателската пешадија“. Украински функционер тогаш за „Вашингтон пост“ изјави дека касетни бомби биле истрелани врз утврдените руски позиции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…
ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…
Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…
Канада воведува нови царини за американските производи
Канада од 8 септември ќе воведе царини…
Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…
Центарот за управување со кризи известува дека…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…