УКРАИНА ПОЧНА ДА ДОБИВА И ЗАПЛЕНЕТА МУНИЦИЈА; Американската армија ѝ испрати 1,1 милион запленети ирански куршуми
САД испратија на Украина повеќе од милион парчиња иранска муниција кои беа запленети минатата година во водите на Индискиот Океан, соопшти американската војска.
Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток, објави дека во Украина биле испратени околу 1,1 милион куршуми од калибар 7,62 мм.
-САД се посветени да работат со нашите сојузници и партнери за да го потиснат протокот на иранска смртоносна помош во регионот со сите правни средства, вклучително и санкции и забрани од САД и ОН, се вели во соопштението на Централната команда.
Американската морнарица со години запленувала оружје за кое се верува дека доаѓа од Иран за борците поддржани од Иран во Јемен, обично транспортирано со рибарски чамци. Муницијата која потекнува од иранската револуционерна гарда и е наменета за силите на Хутите во Јемен беше запленета од американската морнарица во декември 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хамнеи бара воена отштета од САД и…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…
(Видео) Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и…
Конечна потврда за тоа кој е најголемиот…
Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…
Бугарија денес избира претседател. Право на глас…
Редови пред избирачките места: Почнаа вонредните парламентарни…
Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…
Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…
Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…