Објавено на:

Украина почна да ја користи касетната муниција

t

Украинските сили почнаа да користат касетна муниција испратена од САД, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на неименувани украински претставници запознаени со ситуацијата.


Весникот забележува дека Украина ги користи на југоисточниот дел на фронтот во обид да ги пробие добро утврдените позиции на руските сили, кои ја забавија украинската контраофанзива, а може да ги искористат и во областа Артјомовско.


Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, на 7 јули објави дека Соединетите Американски Држави ќе ја снабдуваат Украина со касетна муниција. Касетната муниција е забранета со меѓународна конвенција ратификувана од 123 земји, со исклучок на САД и Украина.


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва досега немала потреба од употреба на касетна муниција, но доколку се користи против Русија, го задржува правото да возврати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Мерц се закани со блокада на буџетот…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…