Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија, додека Москва останува подготвена да ги продолжи преговорите врз основа на договорот од Истанбул од 2022 година.
Песков нагласи дека е рано да се зборува за распоредување мировни сили во Украина, за што пишуваа некои медиуми.
„Знаете дека засега украинската страна одбива какви било преговори. Всушност, самиот претседател Володимир Зеленски ги забрани овие преговори со документи“, им рече Песков на новинарите.
Тој потсети на предлогот на Унгарија за размена на затвореници и Божиќно примирје во Украина, кој беше поддржан од Москва, но не и од Киев.
Тој, исто така, потсети дека рускиот претседател Владимир Путин разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан и дека Путин ги поддржувал мировните напори на Унгарија, додека украинската страна го отфрлила.
Песков потсети дека истанбулските договори биле договорени во 2022 година, но дека украинската страна се откажала од преговорите.
На 14 јуни Путин ги претстави новите мировни предлози за решавање на конфликтот во Украина, кои предвидуваат признавање на статусот на Крим, самопрогласените ДНР и ЛНР, како и регионите Керсон и Запорожје како делови од Русија.
Овој предлог предвидува и Украина да не биде членка на НАТО, ниту да поседува нуклеарно оружје.
Украинската страна ја отфрли оваа иницијатива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Украински дронови нападнаа три руски рафинерии…
Украински беспилотни летала денеска нападнале три нафтени…
СИЛЕН УДАР ВРЗ САУДИСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА: „Арамко“…
Саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“ ја запрел…
(Фото+Видео) Момче со советска воена капа доби…
Момче облечено во маскирна униформа и со…
Славески за Н1: Kонтинуирано го следиме работењето…
Домашниот банкарски систем е стабилен и отпорен,…
За аферата со очната установа: Болницата реагира…
Судија на претходна постапка на барање на…