Украина се мобилизира: Зеленски нареди регрутација на резервистите

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди регрутација на резервниот состав на армијата и предупреди дека земјата се соочува со битка за своето постоење. Тој засега ја отфрли можноста за општа мобилизација. На повикот треба да се одзват сите резервисти од 18 до 60 години.

Зеленски почна да ја подготвува нацијата за војна откако Русија ја прогласи независноста на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, а рускиот парламент му дозволи на Путин да користи воена сила надвор од Русија. Западот смета дека ова е најава на целосна инвазија.

Зеленски со недели ја смируваше тензијата, велејќи дека нема докази дека Русија може да ја нападне Украина во секој момент. Тој конечно ја смени реториката откако Белата куќа вчера кажа дека руската инвазија е веќе почната.

„Украина е мирна земја, но нејзиниот народ нема да седи мирен додека е соочен со агресија. Ако останеме тивки денеска, утре ќе исчезнеме. Ни претстои напорна работа, но подготвени сме за тоа. Ние сме на наша земја и не се плашиме од ништо и никого, никому ништо не должиме“, кажа Зеленски.

Како услови за решавање на кризата, Путин вчера ја повика Украина да се откаже од аспирациите за членство во НАТО, да го признае рускиот суверенитет врз Крим и делумно да се демилитаризира, при што ја обвини дека развива нуклеарно оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…

„Новаја газета“, еден од историските симболи на…

САД бараат од балтичките сојузници да не…

Официјални лица од Пентагон во последните недели…

Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…