Украина “се спука” со Сирија заради признавањето на Доњецк и Луганск: Се прекинуваат дипломатските односи
Министерството за надворешни работи на Украина објави прекин на дипломатските односи со Сирија по одлуката на Дамаск да ги признае Народните републики Доњецк и Луганск.
„Украина прогласува прекин на дипломатските односи со Сирија без прекин на конзуларните односи, во согласност со член 2 од Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година“, се вели во соопштението.
Покрај тоа, украинската страна ја започна процедурата за воведување трговско ембарго и други санкции против правни и физички лица во Сирија.
Вчера Дамаск ја објави одлуката за признавање на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск.
Како што нагласи претседателот на ЛНР, Леонид Пашечник, тоа ќе придонесе за заеднички развој на нови продажни пазари и ќе го забрза воспоставувањето на односи во многу области.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден побара продолжување на испораката на оружје…
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…