Украина со два шута до израмнување во Скопје
Репрезентациите на Македонија и Украина се судрија во третото коло на квалификациите за Европското првенство кое следната година се игра во Германија. Првиот дел во целост ѝ припадна на Македонија која дојде до двојна предност, а потоа малку се повлече.
Украинците успеаја да дојдат до израмнување прелесно, практично од првите две вистински закани по голот на Столе Димитриевски. Првиот погодок дојде преку корнер во 62. минута, Тсиганков нафрли, а Илија Забарни со глава ја смести топката во мрежата.
Македонија како физички да падна, а ривалот тоа го казни. Мудрик избори една тешка топка и ја префрли на спротивната страна, па откако никој немаше за да ја исфрли, на неа налета Јухим Коноплја кој со удар од шеснаесетникот погоди за 2-2 во 68. минута.
Останува впечатокот дека нашите фудбалери прелесно ја прокоцкаа стекнатаат предност од првото полувреме.
Извор-Фото: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…