Украина: Спремни сме да преговараме ама Русија да го направи првиот чекор

t

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека неговата земја е подготвена за конструктивни преговори со Русија под услов Москва да го направи првиот чекор.

„Украина е подготвена за конструктивни преговори, но никој нема да врши притисок врз нас, никој нема да не принуди на ништо, бидејќи Украина веќе направи доволно за мир“, рече тој. „На Русија е да направи чекор сега“.

Украинскиот висок дипломат додаде дека Русија е таа што „мора да направи отстапки“ сега, без да образложи какви мерки Киев да
очекува од својот сосед.

„Нашата цел – и тоа искрено им го кажуваме на нашите партнери – е да ја принудиме Русија да направи отстапки, дојде време таа да направи отстапки и да го покаже својот вистински интерес за постигнување мир“, рече тој.

Рускиот претседател Владимир Путин во многу наврати претходно изјави дека Русија не е страна во конфликтот во источна Украина.

Западот и Киев неодамна ги повторуваат обвинувањата за потенцијалната руска инвазија на Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги осуди овие тврдења како „празни и неосновани“, служејќи како трик за ескалација на тензиите, посочувајќи дека Русија не претставува никаква закана за никого.

Сепак, Песков не ја исклучи можноста од провокации со цел да се оправдаат таквите тврдења и предупреди дека обидите за употреба на воена сила за решавање на кризата во југоисточна Украина ќе имаат сериозни последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…

Путин ќе ја посети Кина во мај

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека во…

Девојка (19) во Украина се обидела да…

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се…

САД ѝ испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Заменикот МНР на Русија се закани: Полска…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…