Објавено на:

Украина тврди дека уништила шест руски авиони во напад со дронови

t

Украински дронови уништија шест руски авиони како резултат на напад на воениот аеродром Морозовск во Ростовската област утрото на 5 април, изјавија извори од украинските безбедносни сили за весникот „Хромадске“ и за Украинската редакција на Би-Би-Си.

Уште осум авиони се „значително оштетени“, велат тие. Исто така, 20 руски војници се убиени или повредени во нападот, изјавија извори за „Хромадске“.

Нападот со беспилотно летало на воениот аеродром го изврши Службата за безбедност на Украина заедно со одбранбените сили, истакнаа соговорниците на РБЦ-Украина. Според нив, ловците „Су-24“, „Су-24М“ и „Су-34“ кои биле стационирани на аеродромот, од неодамна активно се користат долж линијата на фронтот, вклучително и за напад на украински градови на фронтот.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека ноќта на 5 април над Ростовската област биле соборени 44 украински беспилотни летала. Гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев појасни дека повеќе од 40 цели на системот за противвоздушна одбрана биле елиминирани во областа Морозовски, каде што се наоѓа воениот аеродром.

Ниту Министерството за одбрана, ниту гувернерот не спомнаа напад на самиот аеродром. Независни извори сѐ уште не потврдиле напади на аеродромот, уништување или оштетување на руски авиони. Z-каналот Voevoda Broadcasts поврзан со авијацијата тврди дека 90% од украинските дронови биле соборени во воздух, а останатите „не погодиле никаде“.

Аеродромот кај Морозовск веќе беше нападнат со беспилотни летала на 17 декември 2023 година. Тогаш беше оштетен најмалку еден авион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…