Украина: Ја потрошивме речиси цела артилериска муниција
Заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба во разговор за „Гардијан“ изјави дека Украина губи од Русија на линијата на фронтот.
Според него, украинските сили сега речиси исклучиво се потпираат на оружје од Запад за да ја држат Русија подалеку. „Ова сега е артилериска војна. Иднината сега ќе се решава на рабовите на бојното поле, а ние губиме артилериски“, рече Вадим Скибицки.
„Сега сè зависи од тоа што ни го дава Западот. Украина има едно парче артилерија од 10 до 15 Руси. Нашите западни партнери ни дадоа околу 10 проценти од она што го имаат. Ја потрошивме речиси целата наша артилериска муниција и сега користиме гранати на НАТО „Европа испорачува и гранати од понизок калибар, но бидејќи Европа останува без оружје, количината се намалува“, рече тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека од 60 до 100 украински војници умираат секој ден, а уште 500 се ранети.
Скибицки смета дека конфликтот во блиска иднина ќе биде претежно артилериски и дека бројот на ракетни напади што можат да бидат лансирани од Русија и да погодат цивили ќе остане на сегашното ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…