Објавено на:

Украина ќе добие борбени авиони Ф-16 од Холандија и Данска

t

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Холандија и Данска ќе и достават борбени авиони Ф-16 на Украина, штом ќе се исполнат условите за трансфер.

Ова ветување, беше дадено за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Холандија. Неколку дена претходно САД одобрија испорака на борбените авиони од Холандија и Данска, штом ќе заврши обуката.

Иако Холандија не соопшти колку авиони Ф-16 ќе им испрати на Украинците, Зеленски на Твитер напиша дека се договориле да бидат испратени 42 авиони.

„И тоа е само почеток“, напиша Зеленски.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во саботата изјави дека обуката на украинските пилоти за летање со авиони Ф-16 е започната, но додаде дека ќе бидат потребни најмалку шест месеци, а можеби и подолго, бидејќи треба да се обучуваат и инженери и механичари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…