Украина ќе добие попуст на цената на природниот гас по Трансбалканскиот коридор

t

За време на министерскиот состанок на високо ниво за меѓусебно поврзување во Централна и Југоисточна Европа (ЦЕСЕК), одржан во Букурешт, беше постигнат договор за воведување на тарифен попуст на „Рута 1“ од Трансбалканскиот коридор, што ќе овозможи попрофитабилно снабдување со природен гас за Украина, објави Министерството за енергетика на Украина на социјалната мрежа „Фејсбук“, објави Укринформ.

Оваа одлука е важен чекор кон постепено прекинување на испораките на руски гас на европскиот пазар и зајакнување на енергетската безбедност на Европа, изјави заменик-министерот за енергетика на Украина, Микола Колисник.

„Украина се обидува да ги диверзифицира рутите за снабдување со гас што е можно повеќе и да обезбеди најповолни цени. Оваа одлука е исклучително важна, особено пред зимската сезона. Им сме благодарни на нашите партнери за нивната поддршка и за воспоставување конкурентна тарифа што ни овозможува да преговараме (испораки на) течен природен гас по поволни услови“, нагласи Колисник.

Учесниците разговараа и за зголемување на капацитетот на постојните рути и развој на нови рути за снабдување со гас и електрична енергија во регионот, со цел зголемување на ликвидноста на енергетскиот пазар и постигнување избалансирана потрошувачка. На состанокот беа забележани и достигнувањата од една деценија соработка во рамките на меѓусебното поврзување во Централна и Југоисточна Европа и беа идентификувани приоритетни проекти за идна соработка, пренесува БТА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…