Украина ќе добие „стингер” ракети од Летонија и „леопард 2” тенкови од Шпанија
Украина ќе добие ракети „стингер“ од Летонија и борбени тенкови „леопард 2” од Шпанија како нова западна воена помош за одбрана од Русија.
Сите противвоздушни ракети „Стингер“ кои сѐ уште се во вооружените сили на Летонија треба да бидат доставени до Киев, соопшти Министерството за одбрана на таа балтичка земја во ЕУ и НАТО. Освен тоа, во Летонија ќе спроведе и поинтензивна обука на украинските војници.
– Латвија одговори на барањето на Украина за испорака на системи за противвоздушна одбрана и одлучи да и ги даде на Украина сите преостанати системи „Стингер“. Ќе направиме сѐ да ги испорачаме што е можно поскоро, изјави министерката за одбрана Инара Мурниеце, но не откри колку и кога ќе бидат испорачани.
Помош најави и Шпанија, која наскоро на Украина ќе и испорача шест тенкови „Леопард 2“.
– По ова ќе следи втор пакет со уште четири тенкови. Ќе ја поддржуваме Украина сѐ додека ѝ е потребно. Тоа вклучува хуманитарна помош, прием на бегалци и снабдување со одбранбено оружје, изјави министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес за германски „Функе” во интервју објавено денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…
Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…
