Објавено на:

Украина ќе ѝ помогне на ЕУ да се ослободи од зависноста од руските енергенси

t

Украина се подготвува да го зголеми извозот на електрична енергија во Европската унија (ЕУ) за да и помогне „да се спротивстави на енергетскиот притисок“ од Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ќе го зголемиме извозот на струја за потрошувачите во ЕУ“, рече Зеленски, пренесува Бета-Франс прес.

Неговата изјава доаѓа еден ден откако земјите-членки на ЕУ се договорија координирано да ја намалат потрошувачката на гас и на тој начин да и помогнат на Германија по драстичното намалување на руските испораки.

Украина и ЕУ ја обвинуваат Москва дека користи гас како економско и политичко оружје.

„И покрај војната, во рекордно време обезбедивме интеграција на украинските мрежи во европскиот систем. Нашиот извоз ни овозможува не само да ја зголемиме девизната заработка, туку и да им помогнеме на нашите партнери да се спротивстават на рускиот енергетски притисок. „Постепено ќе ја направиме Украина земја која ја гарантира енергетската безбедност на Европа“, рече Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…