Украина ѝ понудила на Белорусија да склучат пакт за ненапаѓање
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека украинската страна му предложила на Минск да склучи пакт за ненапаѓање, пренесува белоруската државна агенција Белта.
Според неговите тврдења, Западот не се откажал од своите планови, кои се однесуваат на Белорусија, да продолжи со обука на милитанти и екстремисти во Украина.
„Не знам што ќе им е тоа на Украинците. Од една страна бараат од нас во никој случај да не влегуваме во војна со Украина, нашата војска да не оди таму. Тие предлагаат пакт за ненапаѓање. Меѓутоа, од друга страна го подготвуваат тој хаос и ги вооружуваат милитантите. Полска и Литванија целосно полудеа. Зошто им е потребно? Не е јасно. Затоа, принудени сме да реагираме жестоко“, рекол Лукашенко на состанокот посветен на општествено-политичката ситуација во земјата, пренесува Танјуг.
Белорускиот лидер вчера објави дека во близина на белоруската граница е концентрирана група вооружени формации на соседните земји на Европската унија и Украина, составена од околу 23.500 луѓе, од кои 17.200 се од Украина и 3.700 од Полска, пренесува Спутник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…