Објавено на:

Украинец осомничен во Полска за убиство на четворица бездомници

t

Граѓанин на Украина е осомничен за убиство на четворица бездомници чии тела биле пронајдени во напуштена зграда во центарот на Варшава.

Полицијата досега приведе седум лица, но според првичните податоци убиството го извршил Украинец, пренесува Укринформ повикувајќи се на РМФ 24.ФМ.

Според полициското соопштение, Украинецот ги убил овие лица и нивните тела ги сокрил во зграда каде што имаа засолниште бездомниците.

Мотивите за овие злосторства се уште не се познати, но полицијата претпоставува дека се работи за пресметка меѓу бездомните Полјаци и Украинци.

Полицијата се уште не успеала да ги идентификува жртвите, за кои се знае дека се само мажи. Според полицискиот извештај, во неделата биле пронајдени телата на две жртви, а во понеделникот уште две, сите во фаза на тешко распаѓање.

Некои од убиените се пронајдени закопани во дворот на зградата, а други на различни катови од зградата. Во истрагата за овој случај приведени се седум мажи и жени, а врз основа на нивните изјави приведен е и државјанин на Украина осомничен за четири убиства.

Други осомничени можеби биле сведоци на овие злосторства. Случајот го води локалното обвинителство, а засега нема индиции дека во оваа куќа има повеќе тела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби до Силјановска: Време е да запрат…

Продолжуваат реакциите по говорот на кандидатката за…

Пендаровски: Фрчковски давал наредби на Павле Трајанов…

Жестока дебата меѓу кандидатите за претседатели Стево…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Зајкова: Истите оние кои заедно сценираа конфликти…

„Истите оние што заедно сценираа конфликти и…