Украинец уапсен во Хрватска поради наводна саботажа на „Северен тек“
Украински државјанин е уапсен во Хрватска поради наводна вмешаност во саботажата на гасоводите „Северен тек“, соопшти германското федерално обвинителство.
Мажот, идентификуван како „Владимир З“, бил уапсен во средата наутро во Пула, во западна Хрватска, врз основа на европска потерница издадена од германските власти.
Според обвинителството, Владимир З е обучен нуркач и бил дел од група лица поврзани со Сергиј К., кој веќе е обвинет во одделна постапка. Германските власти тврдат дека групата во септември 2022 година поставила експлозивни направи на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во близина на островот Борнхолм.
„Обвинетиот учествувал во нуркањата неопходни за оваа цел“, се наведува во соопштението.
Групата, според истрагата, користела изнајмен брод, со кој од Росток стигнала до локацијата каде што на 26 септември 2022 година се случија експлозиите.
Тешко оштетени три од четири цевководи
Експлозиите предизвикаа огромна штета на системот изграден за транспорт на руски природен гас до Германија преку Балтичкото Море. Уништените беа три од четирите подводни цевководи.
Германските обвинители сметаат дека целта на наводната саботажа била трајно да се прекине транспортот на гас преку гасоводите и да се спречи Русија да ги користи приходите за финансирање на војната во Украина.
Владимир З сега треба да биде екстрадиран од Хрватска во Германија, каде што ќе биде изведен пред суд.
Тој претходно беше уапсен и во Полска во 2025 година, но полските власти не го екстрадираа и тој беше ослободен.
Германското обвинителство веќе гони друг осомничен
Сергиј К., кој се споменува во истрагата, беше обвинет од германските власти во јуни. Тој беше уапсен во Италија во август 2025 година, а во ноември истата година беше екстрадиран во Германија.
Германското обвинителство во јули соопшти дека Сергиј К. бил офицер во украинската армија и дека, според истрагата, ја предводел групата осомничена за саботажата на „Северен тек“.
Случајот повторно го отвора прашањето кој стои зад една од најголемите саботажи на европската енергетска инфраструктура, речиси четири години по експлозиите во Балтичкото Море.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинец уапсен во Хрватска поради наводна саботажа…
Украински државјанин е уапсен во Хрватска поради…
Полска: Железничкиот инцидент за време на викендот…
Полските обвинители покренаа истрага за „акти на…
Данска ја прекина истрагата за експлозиите на…
Данската полиција ја прекина истрагата за експлозиите…
Путин: Нападот на „Северен тек“ беше „државен…
Диверзантската операција беше „еклатантен“ обид да се…
Полска демантира: Немаме никаква врска со саботажата…
Имено, американскиот весник „Волстрит журнал“ претходно објави…