Објавено на:

Украинки собрале речиси 800.000 долари со продажба на голи фотографии: Парите ќе одат кај војската

t

Група Украинки дошле на идеја да им помогнат на војниците кои неуморно се борат против Русија продавајќи голи фотографии и собрале вртоглава сума на пари, пренесуваат странските медиуми.

Украинка по име Настасија Наско го започнала проектот наречен „TerOnlyFans“ каде група луѓе, главно жени, доброволно се пријавиле со цел да соберат пари за украинските војници. За три месеци, тие собрале близу 800.000 долари.

Идејата била поттикната само неколку дена по руската инвазија која започна на 24 февруари. Настасија на својот твитер-профил молела некој да ѝ помогне на нејзина познаничка која бегала од Харков, а бидејќи никој не ѝ одговорил, таа потоа се пошегувала дека на оној кој ќе ѝ помогне ќе му испрати своја гола фотографија. За само пет минути, 23-годишната девојка добила дури 10 пораки од луѓе кои ѝ нуделе помош.

Нејзината познаничка успеала безбедно да го напушти градот, а Настасија си стоела на зборот. Тогаш сфатила дека тоа е одлична бизнис идеја. Со помош на нејзината пријателка Анастасија Кучменко, таа ја отворила платформата „TerOnlyFans“, каде кратенката „ter“ означува Територијална одбрана.

Сајтот започнал со работа на 8 март – на Меѓународниот ден на жената, и покрај сличностите во името и навидум концептот, нема никаква врска со страницата за возрасни „OnlyFans“, тврдат креаторките.

„Ние не исполнуваме сексуални фантазии, туку се обидуваме да собереме пари за војната“, објасни Настасија.

Во моментов тимот брои 40 луѓе, од кои 10 се анонимни, а има и неколку мажи. Повеќето од нив се наоѓаат во Украина и волонтирале без претходно искуство од ваков тип.

Креаторките на „TerOnlyFans“ објаснија дека сајтот е дизајниран така што неговите членови немаат никаква врска со парите што пристигнуваат. Тие одат директно во Украинската територијална одбрана, додека дел од парите одат за организации за бегалците и засолништа за животни. Моментално најголемата донација е 2.800 долари, а пристигнала во криптовалута.

Исто така, Настасија истакна дека донирале луѓе од целиот свет – Велика Британија, Франција, Холандија, а повеќето од нив доаѓаат од Украина.

Настасија живеела во Киев до почетокот на инвазијата, а потоа се преселила во Полска. Инаку, таа е родена во Белорусија, а истакна дека е горда на тоа што им помага на луѓето.

„Многу сум среќна затоа што можам да ги поддржам моите Украинци“, истакна таа, заклучувајќи дека тие немаат намера да престанат додека не заврши војната: „Ќе ставиме крај на ова кога Путин ќе умре, а Русија ќе престане со својата агресија“, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) “Да живее Путин”: Угостител во Франција…

Во Париз, проруски работник во ресторан исфрли…

Украинки собрале речиси 800.000 долари со продажба…

Група Украинки дошле на идеја да им…