Украинската армија нареди повлекување на своите сили од Авдијевка

t

Украинската армија соопшти дека поради ескалацијата на вооружените борби во Авдијевка, издадена е наредба за повлекување на украинските војници од југоисточниот дел на тој град, но и дека оваа одлука, како што се наведува, не и дава никаква стратешка предност на Русија.

Олександр Тарнавски, командант на југоисточната воена зона на Украина, на својот канал Телеграм објави дека украинските единици се повлекле со мали загуби.

Во тешка ситуација на бојното поле, каде што останаа само урнатини и купишта тули, наш приоритет е да ги спасиме животите на војниците, напиша Тарнавски.

Командантот на југоисточната воена зона на Украина ја опиша областа Авдијевка како „жаришна точка на линијата на фронтот долга околу 1.000 километри“.

Непријателот деноноќно извршува масовни артилериски напади и не запира со истовремени напади од повеќе правци. Украинските војници маневрираат, се повлекуваат од уништените позиции и ги зацврстуваат своите позиции на новите линии на одбрана, објави Тарнавски и додаде дека руските сили дејствуваат со намера да го „избришат градот од лицето на земјата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Атлетик: Инфантино разви Светско младинско првенство со…

 Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше вклучен…

СДСМ: Мицкоски бара алиби за изборите, ќе…

Владејачката партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски…

Од палење гуми во двор изби опасен…

Шумски пожар избувна во близина на делчевското…

Гостиварец осомничен за обид за силување на…

Четириесет и петгодишен гостиварец е осомничен дека…

Утринско пукање во Арачиново: Две лица застрелани…

Две лица се повредени во пукање во…