Украинската армија: Нема да го најавуваме почетокот на контраофанзивата, плановите сакаат тишина
Украинската армија денеска побара „оперативен молк“ во врска со долгоочекуваната контраофанзива против руските сили.
„Плановите ја сакаат тишината. Нема да има најава за почеток“, соопшти Министерството за одбрана на Украина во видеото објавено на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Украинските власти постојано се изјаснија против јавните шпекулации за контраофанзива, велејќи дека тоа може да му помогне на непријателот.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера во интервју за „Волстрит журнал“ изјави дека Киев е подготвен за операцијата, но избегна да дава какви било предвидувања, пренесува Танјуг.
Ќе го направиме тоа и подготвени сме“, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…