Украинската Рада за 12 милијарди долари ги зголеми буџетските расходи за одбрана
Украинскиот парламент денеска за 500 милијарди украински гривни (12,05 милијарди долари) го одобри зголемувањето на расходниот дел од државниот буџет на земјата, објави УНИАН.
Дополнителните средства ќе бидат насочени кон одбранбениот сектор на земјата опустошена од руската воена агресија, наведуваат украинските пратеници.
Со денеска одобреното зголемување, расходниот дел од украинскиот буџет се зголемува за околу 13 отсто на речиси 90 милијарди долари. Дополнителните средства се потребни за исплата на „воените надоместоци“ на војниците и офицерите кои се борат со руската армија, забележа ДПА.
Украинската економија е тешко оштетена откако Русија во февруари 2022 година ја започна својата инвазија врз земјата. Владата во Киев се соочува со буџетски дефицит од 400 милијарди до 500 милијарди украински гривни (од 9,64 до 12,05 милијарди долари), наведуваат украинските власти. Тие посочуваат дека владата планира годинава да го покрие буџетскиот дефицит со зголемување на даноците, намалување на социјалните трошоци и преку нови заеми, вклучително и од Европската унија.
Украинската Централна банка постепено ја обезвреднува украинската гривна за да го обезбеди реализирањето на буџетот. ДПА забележува дека од почетокот на годината, националната валута – гривна, поевтини за околу осум отсто во однос на доларот и за речиси 10 отсто во однос на еврото.
Украинската влада од почетокот на годинава доби помош во износ од околу 16 милијарди долари од западните земји кои ја поддржуваат Украина. Според податоците на Министерството за финансии во Киев, од февруари 2022 година до крајот на 2023 година, меѓународната помош за земјата изнесува 73,6 милијарди долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осомничените се обиделе да ги прегазат полицајците,…
Независниот синдикат на полицијата најостро ги осуди…
Камала Харис жестоко го нападна Трамп: Неговата…
Поранешната американска потпретседателка Камала Харис упати остри…
Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…
Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…
Американската армија подготвува војници за препознавање на…
Американската армија издаде нов теренски прирачник наменет…
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…