Украинската Рада ја повика ЕУ да престане да дава визи за руските граѓани

t

Украинскиот парламент ја повика ЕУ да престане да издава визи за руските граѓани, изјави во вторник пратеникот на Врховната Рада, Олексеј Гончаренко.


„Врховната Рада апелираше до ЕУ со барање да се откаже издавањето визи за руските граѓани. Соодветната резолуција беше усвоена денеска на состанок. Покрај откажувањето на издавањето туристички визи, Радата бара и укинување на веќе добиените туристички визи за руските граѓани и воведување на 8-ми пакет санкции“, напиша Гончаренко во својот канал Телеграм. Според него, пратениците повикале и на „строги санкции против Росатом и целата руска нуклеарна индустрија“.

По неформалниот состанок во Прага на 31 август, министрите за надворешни работи на ЕУ постигнаа политички договор за целосно суспендирање на олеснетиот визен режим со Русија. Тие, исто така, го потврдија правото на секоја поединечна земја да наметне свои ограничувања за патувањето на Русите. Во исто време, не беше договорена паневропска забрана за издавање шенген визи за граѓаните на Руската Федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…

Во рудниците за бакар се потребни нови…

Мерц откри кој би можеч да ја…

Пет земји би можеле да ја претставуваат…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…