Украинска армија: „Масовно“ бомбардирање од Белорусија врз пограничен регион
Северниот пограничен регион на Украина Чернигов беше под „масовно бомбардирање“ од територијата на рускиот сојузник Белорусија, се вели во соопштението на украинската армија .
„Околу 5:00 часот наутрo регионот Чернигов претрпе масовно бомбардирање со проектили. Дваесет ракети, истрелани од територијата на Белорусија и од воздух, го гаѓаа селото Десна“, соопшти Северната воена команда на Украина. Тие додаваат дека засега нема информации за жртви.
„Дваесет ракети, истрелани од територијата на Белорусија и од воздух, го гаѓаа селото Десна“.
Десна, мало село со население од околу 7.500 луѓе, се наоѓа на 70 километри северно од Киев и слично растојание јужно од границата на Украина со Белорусија.
Нападите доаѓаат кога рускиот претседател Владимир Путин се сретна со неговиот белоруски колега и близок сојузник Александар Лукашенко во Санкт Петербург.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…
Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…
Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…