Објавено на:

Украинска пратеничка: Со купување на руска нафта финансирате силувања и убиства

t

Годинашниот Светски економски форум (СЕФ) ќе се одржи од утре до четврток во Давос, а првиот говор на СЕФ годинава му е препуштен на украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако тој ќе се реализира онлајн.

Војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени се доминантните теми на годинашниот СЕФ. Покрај Зеленски, како гости на форумот се очекува да се обратат и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир.

Украинската пратеничка и членка на украинската делегација на СЕФ, Ивана Климпуш за „Sky News“ изјави дека потпирањето на Европа на руската нафта и гас ги финансира силувањата и убиствата на украинските деца.

Таа додаде дека Западот мора да го прекине својот вообичаен бизнис со Русија и повика на снабдување на Украина со што е можно повеќе оружје и целосно ембарго на руската енергија.

Исто така, на форумот светските лидери, бизнисмени, политичари и аналитичари ќе разговараат и за последиците од војната врз синџирите за снабдување, снабдувањето со енергија и безбедноста на храната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…

Цените на нафтата се намалија денеска откако…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…