Украинскиот конфликт би можел да се прелие на Западен Балкан – Србија има големосрпски апетити, стравуваат германските дипломати
Бившите високи претставници на меѓународната заедница за БиХ Кристијан Шварц-Шлилинг и Валентин Инцко упатија драматичен апел до челниците на Европската УНија и НАТО да го заштитат западен Балкан, особено БиХ, од сценарио кое би можело да наликува на украинското во овој дел на Европа, бидејќи како што тврдат, се уште се живи плановите за воспоставување на планот за голема Србија.
Во заедничкото писмо кое го адресираа до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенбер, Шварц-Шилинг и Инцко предупредуваат како претседателот на босанксите Срби Милорад Додик и претседателот на Србија Александар Вучиќ би можеле да ја искористат агресијата на Русија врз Украина и да испровоцираат инциденти или дури и нова војна.
„Србија и Република Српска не ги остварија своите цели во 90-те. Покрај тоа, негуваат блиски односи со Русија. Со тоа, стравуваме дкеа сегашната агресија врз Украина би можела да се прелие и прошири на Западен Балкан, првенствено на Босна и Херцеговина и на Косово“, се наведува во заедничкото писмо, чија содржина ја цитира Дојче Веле.
Брзо решение на ова, според двајцата меѓународни претставници е брз влез на БиХ во Европската Унија и НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…