Украинскиот парламент изгласа продолжување на воената состојба во државата на уште 90 дена
Украинскиот парламент – Врховната рада – денеска усвои закон со кој се продолжува воената состојба и општата мобилизација во земјата за уште 90 дена, до 5 ноември, пренесува Украинска правда.
Законот, кој се повикува на претседателскиот указ, беше поддржан од 320 пратеници, додека само еден гласаше „против“, објави пратеникот Јарослав Железњак на својот канал на Телеграм.
Станува збор за веќе 16-то продолжување на воената состојба откако Русија ја започна целосната инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година. Истовремено со инвазијата, во Украина беше прогласена воена состојба и започна општата мобилизација на машкото население.
Според законските одредби, во време на воена состојба не можат да се одржуваат ниту парламентарни, ниту претседателски избори, а мажите на возраст од 18 до 60 години немаат право да ја напуштат земјата, освен во строго ограничени случаи.
Продолжувањето на мерките беше очекувано поради сè уште тензичната безбедносна состојба на фронтот и постојаните напади врз украинска територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот парламент изгласа продолжување на воената состојба…
Украинскиот парламент – Врховната рада – денеска…
Трамп: „Само сакам да го запрам убивањето“,…
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот…
Медиуми: Трамп го прашал Зеленски дали Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп приватно ја охрабри…
Украинците фатиле руски агент додека поставувал експлозив…
Украинската безбедносна служба СБУ уапсила руски агент…
Писториус: Германија нема да ѝ го отстапи…
Германија нема да може да ги префрли…