Украинскиот парламент изгласа продолжување на воената состојба во државата на уште 90 дена
Украинскиот парламент – Врховната рада – денеска усвои закон со кој се продолжува воената состојба и општата мобилизација во земјата за уште 90 дена, до 5 ноември, пренесува Украинска правда.
Законот, кој се повикува на претседателскиот указ, беше поддржан од 320 пратеници, додека само еден гласаше „против“, објави пратеникот Јарослав Железњак на својот канал на Телеграм.
Станува збор за веќе 16-то продолжување на воената состојба откако Русија ја започна целосната инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година. Истовремено со инвазијата, во Украина беше прогласена воена состојба и започна општата мобилизација на машкото население.
Според законските одредби, во време на воена состојба не можат да се одржуваат ниту парламентарни, ниту претседателски избори, а мажите на возраст од 18 до 60 години немаат право да ја напуштат земјата, освен во строго ограничени случаи.
Продолжувањето на мерките беше очекувано поради сè уште тензичната безбедносна состојба на фронтот и постојаните напади врз украинска територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Украински разузнавачи: „Руските ресурси за војна може…
Руските ресурси за војна може да ѝ…
Путин нареди тридневен прекин на нападите врз…
Рускиот претседател Владимир Путин наредил да не…
Путин: Има можност за склучување мировен договор…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои…