Украинскиот премиер бара брзо да се стави крај на војната: Времето работи за Русија
Украинските сојузници треба да направат се за да помогнат брзо да се стави крај на руската инвазија бидејќи Москва е подготвена да продолжи да се бори долг период, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.
„Разбираме дека времето ќе игра на страната на Русија, па ние, сите заедно со нашите сојузници, со нашите партнери“ треба да дадеме се од себе „за да ја завршиме оваа војна што е можно поскоро“, изјави Шмихал за ТВ Блумберг во интервју во Брисел. Русија „е заинтересирана да оди подолго време, да одвои повеќе време“, што е „предизвик за сите нас“, додаде тој.
Украина постигнува некои воени успеси во нејзините јужни региони, како и на север, рече Шмихал без да наведе детали, изразувајќи надеж дека нацијата ќе може да ја ослободи целата своја територија во меѓународно признатите граници, вклучувајќи го и Крим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Путин ја претстави најновата руска нуклеарна…
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот учествуваше…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…