Објавено на:

Украинските ПВО системи можат да останат без муниција, откриваат документи на Пентагон

t

Украинската воздушна одбрана би можела да остане без проектили и муниција за само неколку недели, се наведува во тајните документи на Пентагон од февруари, кои протекоа во јавноста, пренесе „Гардијан“.

Еден од документите од 23 февруари, означен како „доверлив“, детално објаснува како украинскиот систем за воздушна одбрана С-300 ќе биде целосно замолчен до 2 мај, доколку продолжи да се користи со истото темпо.

Автентичноста на документите на Пентагон не е потврдена.

Во соопштението од неделата, Пентагон вели дека ја потврдуваат автентичноста на фотографираните документи кои „изгледа содржат многу чувствителен материјал“.

Украинскиот противвоздушен систем Бук, на кој се потпира украинската армија, заедно со С-300, може да се истроши до средината на април, објави „Њујорк тајмс“, додека противвоздушните единици на линијата на фронтот може да бидат „ целосно намалена“ до 23 мај.

Руските ловци и бомбардери добиваат се поголема можност да ги нападнат украинските сили, што може да биде предизвик за Киев, истакнува њујоршкиот весник, цитирајќи високи американски воени претставници, пренесува Танјуг.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили, полковник Јуриј Инхат, не сакаше да ги коментира протекувањата, но изјави за Волстрит журнал дека Украина се соочува со сериозни проблеми со наоѓање муниција за оружје од советската ера, особено С-300 и Бук.

„Ако ја загубиме битката на небото, последиците за Украина би можеле да бидат многу опасни. Ова не е време за одолговлекување“, рече тој и ги повика западните сојузници да ја забрзаат испораката на помошта.

Американските власти веруваат дека очигледното протекување на голем обем доверливи документи на Пентагон можеби доаѓа од американски извор.

„Сега фокусот е на тоа – како можеше сето тоа да биде обелоденето, бидејќи многу од документите беа само во рацете на американски официјални лица“, изјави за Ројтерс поранешниот висок функционер на Пентагон, Мајкл Малрој.

Официјални лица велат дека со оглед на обемот на документите, кои ја покриваат војната во Украина, потоа Кина, Блискиот Исток и Африка, има навестувања дека документите биле протечени од рацете на Американец, а не на сојузник.

Американските власти рекоа дека истрагата за тоа како податоците стигнале до јавноста не ја исклучува можноста дека зад сето тоа стојат проруски елементи.

Ова нарушување на безбедноста на податоците се смета за едно од најопасните од 2013 година, кога на веб-страницата на Викиликс се појавија повеќе од 700.000 документи, видеа и дипломатски телеграми.

Руската амбасада во Вашингтон и Кремљ сè уште не одговориле на барањето за коментар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

Блинкен: Русија ќе мора да ѝ плати…

Највисокиот американски дипломат го извести украинскиот претседател…

(Видео) Блинкен и Кулеба отидоа на пица…

За време на ненадејната посета на Киев,…

Шокантни информации на Стејт департментот: Тешките загуби…

Портпарол на Стејт департментот синоќа коментираше за…

Зеленски разреши близок соработник

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го разреши…