Објавено на:

Украинските сили за противвоздушна одбрана пресретнале 65 од 111 руски беспилотни летала

t

Од Украинските сили за противвоздушна одбрана информираа дека пресретнале 65 од 111 беспилотни летала користени од Русија за напад на Украина во текот на ноќта.

Како резултат на мерките што ги преземаа украинските сили за електронско војување, од радарите исчезнале 35 дронови.

Украинските воздухопловни сили соопштија за причинета материјална штета во регионите Харков, Суми, Одеса и Доњецк.

Во напад со дрон во градот Дњепар повредени се 28 лица, од кои девет се во болници, објави на Телеграм шефот на Регионалната воена управа на Дњепропетровск, Сергеј Лисак. Во Херсонската област четири лица се повредени за време на руските напади во изминатиот ден, објави на Телеграм шефот на регионалната државна управа на Херсон, Олександр Прокудин. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…

Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…

Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…

Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…

Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…

Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…

Унгарија се очекува да го повлече ветото…