Украинските сили тргнаа во контраофанзива на Харков
Украинските воени сили почнаа контраофанзива недалеку од градот Изjум, каде што ја напаѓаат клучната руска линија на напад врз источна Украина, изјави денеска регионалниот гувернер на Харков, Олех Синегубов.
– Голема и успешна контраофанзива на таа руска линија ќе резултира со тежок неуспех на Москва во битката за Донбас, источноукраински регион што Русија се обидува целосно да го окупира. Руските сили се обидуваат да се пробијат јужно од градот Изум, обидувајќи се да ги заобиколат украинските сили кои ја држат одбраната на линијата на источниот фронт. Правецот Изум сè уште најтешкиот дел, истакна Синегубов.
Тој додаде дека „непријателот се повлекува од некои фронтови“.
Украинските сили повторно зазедоа територија во североисточниот дел на земјата, одбивајќи ги руските сили од вториот по големина град во Украина, Харков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…