Украински војници спасени од окупираните региони откако се криеле повеќе од година и пол
Двајца украински војници се спасени во специјална операција откако поминаа повеќе од една и пол година криејќи се во регионите на Украина окупирани од Русија, соопшти морнарицата. Украинската морнарица, вооружените сили и Министерството за одбрана ги вратија војниците дома откако добија извештаи дека живеат под руска окупација од почетокот на војната.
Тие биле „сериозно повредени“ додека се бореле со руските војници и не биле во можност да се „извлечат“, се вели во објавата на Фејсбук.
„Сето ова време тие се криеја успешно, благодарение на локалното население“, се додава во објавата.
„Одлучено е да се спроведе специјална операција за спасување и евакуација на припадниците на армијата, чија подготовка и имплементација и беше доверена на специјалната единица Navy Angels. Благодарение на заеднички напори, пред некој ден двајца војници кои беа на окупираната територија повеќе од година и пол беа донесени на територијата под контрола на Украина“, објавија украинските воени власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…