Украински медиуми: Рускиот генерал Кирилов е убиен од СБУ
Генерал-полковник Игор Кирилов, началникот на радијациските, хемиски и биолошки одбранбени трупи на руските вооружени сили, беше убиен на 17 декември во операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ), изјави извор од агенцијата за Киев Индипендент.
Кирилов и уште еден руски војник загинаа во експлозија во Москва. Украина претходно го обвини командантот за употреба на забрането хемиско оружје во војната против Украина.
Според изворот, експлозивот прикачен на скутер се активирал кога Кирилов и неговиот помошник се приближиле до влезот на куќата на Рјазански проспект во Москва.
„Кирилов беше воен злосторник и целосно легитимна цел, бидејќи даваше наредби за употреба на забрането хемиско оружје против украинската војска…Одмаздата за воените злосторства е неизбежна“, изјавилл изворот, објави Киев индипендент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…