Украински напад со дрон во Курск, има жртви
Една жена е убиена, а 10 други се повредени во ноќен напад од украински дрон врз станбена зграда во Курск, изјави вршителот на должноста гувернер на рускиот Курски регион, Александар Хинштејн.
Тој додаде дека нападот врз станбената зграда во областа Железнодорожни во Курск предизвикал пожар, при што четирите горни катови биле зафатени од пламен, кој оттогаш е изгаснат, објави Интерфакс.
Претходно беше објавено дека една жена е убиена, а шест лица се повредени по украинскиот напад во Курск, соопшти агенцијата.
Руското Министерство за одбрана објави дека силите за воздушна одбрана собориле 53 украински беспилотни летала во текот на ноќта над девет руски региони и Азовското Море.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад со дрон во Курск, има…
Една жена е убиена, а 10 други…
Лишен од слобода возач вработен во ЈЗУ…
На 14.08.2025 околу 22 часот на ул.…
Нов доказ дека Македонија образовно „тоне“ –…
Ниту еден македонски универзитет не се најде…
Академскиот пленум на Србија: Вучиќ поттикнува граѓански…
Академскиот пленум на Србија остро го осуди насилството врз…
Граѓаните на одмор, арамиите „работат“: Во јуни…
Летниот период и празните домови се привлечна…