Лишен од слобода возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога

t

На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен Б.Р. (29) од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата, по што е известен јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода. По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Испораките на руски гас за Турција речиси…

Испораките на руски гас за Турција преку…

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…

Во изминатото деноноќие, на територија на целата…

Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…

(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…

Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…