Украински офицер уапсен за шпионажа – ѝ давал информации на Русија за авионите Ф-16 и „Мираж 2000“
Безбедносната служба на Украина (СБУ) соопшти дека е уапсен авијациски офицер, мајор и инструктор по летање, под сомнение за шпионажа во корист на Русија.
Според СБУ, тој ѝ предавал на руската страна доверливи информации за локациите на борбените авиони Ф-16, „Мираж 2000“ и Су-24, како и податоци за персоналот и борбените тактики на украинските воздухопловни сили.
Офицерот наводно дал координати на аеродромите каде што се стационирани авионите и предложил можни тактики за напади.
„Приоритетна цел на непријателот се аеродромите со авионите Ф-16, ‘Мираж 2000’ и Су-24“, соопшти СБУ, пренесе Ројтерс.
Истрагата е во тек, а офицерот се соочува со сериозни обвиненија за оддавање воена тајна и загрозување на националната безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински офицер уапсен за шпионажа – ѝ…
Безбедносната служба на Украина (СБУ) соопшти дека…
Полскиот премиер: Се ближи крајот на руско-украинскиот…
Постојат многу знаци дека руско-украинскиот конфликт ќе…
Песков за санкциите на Трамп: Русија е…
Кремљ денес соопшти дека внимателно ги следи…
Мртов пратеник „гласал“ 11 пати во рускиот…
Член на Државната Дума, долниот дом на…
Захарова: Русија никогаш немала планови за напад…
Русија никогаш не правела планови за напад…