Украинците во Македонија денеска на марш во Скопје: Една година од трагедијата во Буча
Министерството за внатрешни работи потсетува дека денеска во Скопје ќе има и протест и марш.
Поради најавено одржување на мирен протест, со почеток во 10 часот полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим, при што сообраќајот по потреба ќе се пренасочува од крстосница на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“ кон крстосница на бул„Илинден“ со бул.„Климент Охридски“.
Со почеток во 16 часот, пак, поради реализација на мирен марш, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот по потреба ќе се пренасочува по рутата по која ќе се одвива маршот, и тоа од
крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“, право по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“ и во продолжение до бул.„11 Октомври“, пред Собранието на РСМ, информира МВР.
Овој марш го организира Здружението на Украинците во Република Македонија „Лесја Украинка“ по повод одбележување на споменот на една година од Бучанската трагедија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…